logo
logo
logo

Она кога сакаш со “паненка“ да се прославиш, ама…(ВИДЕО)

Vecer | 08.12.2025

Она кога сакаш со “паненка“ да се прославиш, ама…(ВИДЕО)

ФОТО: screenshot

Она кога со “паненка“ сакаш да се прославиш, ама после сите ти се смеат. Натпреварот од групата Б на Арапскиот куп помеѓу Мароко и Саудиска Арабија, заврши со победа на Мароканците од 1:0. Карим Ел Беркауи беше стрелец на единствениот гол на натпреварот. Но, потегот на Абдула Ал-Хамдан од Саудиска Арабија стана вирален.
Во 69-тата минута, тој имаше шанса да израмни со удар од пенал, кој самиот го доби откако влезе од клупата пет минути претходно. Ал-Хамдан го промаши пеналот. Се обиде да изведе паненка. Мароканскиот голман Ел Мехди Бенабид се фрли настрана, но топката, по ударот на саудискиот центарфор, помина над голот, на радост на целиот стадион. Ова беше клучна победа за Мароко во Арапскиот куп, против најтешкиот противник во групата. Мароканците се искачија на првото место со еден бод повеќе од Саудијците.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk