logo
logo
logo

Официјално: Судиите на СКП ќе бидат опремени со камери!

Vecer | 09.04.2025

Официјално: Судиите на СКП ќе бидат опремени со камери!

Она што се најавуваше, сега веќе е и официјално. Како што потврдија од ФИФА, судиите кои ќе ја делат правдата на претстојното Светско клупско првенство во САД (14 јуни – 13 јули), ќе бидат опремени со камери.

Ова ќе биде еден вид на експеримент.

Судиите на своето тело ќе носат камери како дел од експериментална фаза и тоа со тестовите одобрени од ФИФА. Со ова тие ќе спроведуваат ново правило за борба против губењето на времето, посебно кога тоа го прават голманите“ посочија од ФИФА.

Пјерлуиџи Колина, претседателот на Судискиот комитет на ФИФА, истакна:

Веруваме дека ова е добра можност да им понудиме на гледачите ново искуство, благодарение на фтографиите направени од перспектива која досега не била понудена“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk