logo
logo
logo

Официјално: Џенова му врачи отказ на Виеира! (ФОТО)

Vecer | 01.11.2025

Официјално: Џенова му врачи отказ на Виеира! (ФОТО)

ФОТО: Genoa CFC/FB

И официјално. Од денеска Патрик Виера не е веќе тренер на Џенова. Некогашниот француски репрезентативец, легенда на Арсенал, доби отказ во клубот од Џенова.

Џенова објавува дека Патрик Виеира повеќе не е тренер на првиот тим“, се вели во краткото соопштение на клубот, чие водство 49-годишниот Виеира го презеде во март.
Од почетокот на новата сезона, Џенова освои само три бода од три нерешени резултати и шест порази, нивниот најлош почеток во сезоната. За среќа за нив, по девет кола во Серија А има четири клуба кои сè уште се без победа, па работите сè уште можат да се поправат.
Виеира е легендарен француски играч од средниот ред кој одигра 107 натпревари за „Триколорите“, освојувајќи го Светското првенство со нив. Тој ја презеде тренерската работа во сениорската екипа во 2016 година, претходно раководејќи со младинските тимови на Манчестер Сити. Пред да се приклучи на италијанскиот клуб, тој беше тренер на Њујорк ФК, Ница, Стразбур и Кристал Палас.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk