logo
logo
logo

Официјално: Черки е нов играч на Манчестер Сити

Vecer | 11.06.2025

Официјално: Черки е нов играч на Манчестер Сити

фото: Manchester City (X)

Рајан Черки од денеска и официјално е нов фудбалер на Манчестер Сити. 21-годишниот играч од средниот ред им се придружи на „граѓаните“ по трансферот од Лион за 36,5 милиони евра + 6 милиони евра во вид на бонуси.

Во своето прво клупско интервју, Черки изјави дека е пресреќен што дојде во најголемиот тим во Европа.

„Многу сум среќен што играм за Манчестер Сити . Тоа е најголемиот клуб во Европа. Ми се допаѓа стилот на игра, тоа е многу важно за мене. Ова е мој избор и мислам дека е најдобриот избор за мојата кариера бидејќи Манчестер Сити е најдобрата опција за мене. За мене Гвардиола е најдобриот тренер во светот и мислам дека е најдобриот тренер во историјата“, изјави Черки во првото клупско интервју за „граѓаните“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk