logo
logo
logo

Официјално: Букајо Сака со нов договор за Арсенал

Vecer | 19.02.2026

Официјално: Букајо Сака со нов договор за Арсенал

Она што со месеци се најавуваше, денеска конечно доби официјализација. Букајо Сака и официјално го потпиша новиот договор со Арсенал, со што се става крај на една медиумска сага која што траеше речиси една година.
Сака останува во Арсенал уште долго, односно до 2030 година.

Англичанецот го имаше своето деби за првиот тим на 17-годишна возраст во ноември 2018 година, а потоа беше прогласен за играч на годината на Арсенал во 2021 и 2022 година. 

„Се чувствувам одлично. Мислам дека ова е фантастичен момент за мене и моето семејство. Чувствувам огромна радост што го продолжувам моето патување во овој клуб. За мене тоа беше лесна одлука и се надевам дека ќе освојам сè тука“, рече Сака.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk