logo
logo
logo

Очекувано: Аморим доби отказ во Јунајтед! (ФОТО)

Vecer | 05.01.2026

Очекувано: Аморим доби отказ во Јунајтед! (ФОТО)

фото: UtdTruthful (X)

Рубен Аморим досега не доби отказ за катастрофалните резултати на Манчестер Јунајтед, но доби поради она што го кажа на пресот после тие 1:1 кај Лидс. Фудбалската јавност на Островот е фрапирана за неговиот коментар дека тој е менаџер на Јунајтед а не тренер. Исто така тој кажа некои работи што не му одат во прилог на раководството на некогашнииот гигант од “Олд Трафорд“.

Утринава, барем според фамозниот Фабрицио Романо тој добил отказ, се чека само на официјално соопштение на клубот.

А еве што кажа легендарниот Џејми Карагер, кој сега работи како ТВ аналитичар и тоа како удри по Португалецот:

“„Што и да е, не мислам дека е во позиција да ги доведува во прашање луѓето што го назначиле. Не е доволно добар. Не е доволно добар за да биде менаџер на Манчестер Јунајтед. Едвај е доволно компетентен за да биде менаџер на Премиер лигата во моментов. Тој е таму повеќе од 12 месеци и мислам дека скоро секој менаџер во Премиер лигата кој раководел со различни клубови на различни краеви од табелата би го погледнал Манчестер Јунајтед и би помислил „Јас би освоил повеќе бодови од тоа“. Ова е човек кој во еден момент рече дека ова е веројатно најлошиот тим на Манчестер Јунајтед во историјата, ама тој го води тој тим“ посочи Карагер.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk