logo
logo
logo

Новогодишната желба на Тевез: Проштален меч на кој ќе бидат Роналдо, Меси, Руни…, а јас ќе бидам резерва!

Vecer | 31.12.2025

Новогодишната желба на Тевез: Проштален меч на кој ќе бидат Роналдо, Меси, Руни…, а јас ќе бидам резерва!

Легендарниот аргентински голгетер Карлос Тевез откри кого ќе покани во својот тим за неговиот проштален натпревар.

„Доколку требаше да одиграм проштален натпревар, мојот тим би бил Буфон, Уго Ибара, Фердинанд, Хајнце, Евра, Скоулс, Пирло, Погба, Роналдо, Меси и Руни. Јас ќе бидам резерва“, изјавил Аргентинецот.

Тевез се пензионираше во 2022 година. За време на својата фудбалска кариера, играше за тимови како Бока Јуниорс, Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и Шангај Шенхуа.

Поранешниот напаѓач ја освои Лигата на шампионите со „црвените ѓаволи“ и стана олимписки шампион со репрезентацијата на Аргентина.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk