logo
logo
logo

Нови проблеми за Реал Мадрид, се повреди и Родриго

Vecer | 06.02.2026

Нови проблеми за Реал Мадрид, се повреди и Родриго

Бразилскиот репрезентативец Родриго доживеа нова повреда и го остави својот Реал Мадрид „на цедило“ пред најважниот дел од сезоната. Имено Родриго доживеа мала повреда на натпреварот против Атлетико Мадрид во Суперкупот на Шпанија и од тогаш не добиваше многу минути во екипата на „кралевите“. Сепак, медиумите од Шпанија денес објавија дека бразилецот доживеал потешка повреда која ќе го оддалечи од терените најмалку 3 недели.

Медицинскиот тим на Реал дијагностицирал тендиоза на задната ложа на десната нога на Родриго. Се очекува Родриго да биде спремен за натпреварот против Осасуна, кој Реал ќе го одигра на 21 февруари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk