Фудбалерите на Челзи повторно ги разочараа своите навивачи, бидејќи денеска на својот стадион загубија од Нотингем Форест со 1:3. Гостите и официјално со оваа победа на „стемфорд Бриџ“ обезбедија опстанок, но затоа Челзи остана без Лигата на шампиони.
Двоен стрелец за Нотингем Ф. беше Таиво Авониј во втората и 52-ра минута, додека Игор Жесус исто така постигна гол од пенал. Единствениот гол за Челзи беше дело на Жоао Педро во последните моменти од натпреварот, а вреди да се спомене дека Кол Палмер промаши пенал во првото полувреме при водство на гостите од 0:2.
Со овој пораз, Челзи останува без место во Лигата на шампионите, бидејќи заостанува 10 бода зад Ливерпул и Астон Вила, кои ги заземаат четвртото и петтото место. Натпреварот беше обележан и со сериозната повреда на младиот ас на Челзи, Џеси Дери, кој беше изнесен на носилка во текот на првото полувреме.