Како наближува летото, и стартот на закажаниот Мундијал 2026 година во САД, Мексико и Канада, така се почесто од другата страна на Атлантикот доаѓаат шокирачки информации околу цените на услугите пред се во Америка.
Имено, по шок цените на билетите за натпреварите во групната фаза, но и во елиминациите, сега загрижувачки делуваат и оние за паркинг местата околу стадионите.
Во Лос Анџелес на пример, паркинг место за автомобил во времетраење на мечевите ќе лини од 250 до 300 долари. И тоа на 1.6 километри оддалечено од самиот објект.
Стадионот „СоФи“ ќе биде домаќин на осум натпревари од турнирот, вклучувајќи го и отворањето на натпреварот за репрезентацијата на САД и еден од четвртфиналните натпревари. Токму за овие натпревари трошоците за паркирање достигнуваат 300 долари. ФИФА се обиде да ги оправда високите цени со официјална изјава за „Атлетик“:
„Цените за паркирање се утврдени во согласност со условите на локалниот пазар и во споредба со големите настани одржани во минатото во секој град домаќин“. – стои во соопштението на организаторот.