logo
logo
logo

Нов проблем за Тудор: Викарио оди на операција, пауза еден месец

Vecer | 21.03.2026

Нов проблем за Тудор: Викарио оди на операција, пауза еден месец

Тотенхем и натаму никако не може да се спаси од кризата со бројни повреди. Во трката за обезбедување опстанок во Премиерлигата, лондончани останаа без првиот голман. Ремито без голови против Нотингем Форест во неделата изгледа ќе биде последно за голманот Гуљелмо Викарио.

29-годишниот Италијанец ќе биде опериран поради хернија и би можел да биде надвор од терените повеќе и од еден месец.

„Малата интервенција е временски темпирана така што ќе има што е можно минимално влијание“, објавија од клубот.

Операцијата значи дека Викарио нема да биде и со селекцијата на Италија која во четврток ќе игра против Северна Ирска во баражите за СП 2026.

Доколку предвидувањето на клубот за едномесечна пауза е точно, тој ќе пропушти два важни натпревари од Премиер лигата. Прво, гостувањето кај Сандерленд на 12 април, а потоа и средбата со Брајтон дома во Лондон шест дена подоцна.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk