Фудбалската репрезентација на Норвешка со својот настап на Мундијалот, го воодушеви светот и ги освои срцата на секој неутрален навивач и гледач. Милиони навиваа за скандинавците на овој турнир, а откако тие испаднаа во татковината имаа фантастичен пречек од нацијата.
Во Ослос се собраа стотици илјади навивачи, фудбалската експедиција имаше и специјален прием во кралската палата, каде што беше пречекана од кралскто семејство.
Еуфоријата и распоредот на на случувањата очигледно на норвежаните не им дозволи да облечат по официјална гардероба, па тие заминаа таму со стандардната опрема на себе.
Десниот бек Џулијан Рајерсон кој игра за Борусија Дортмунд отиде најдалеку што се вели и пред кралското семејство се појави со апостолки.
Секако никој ниту му замери, ниту го искритикува, но ете Рајерсон ќе биде запомнет и по ова.
@Erling and Sander Berge at the Royal Palace, Oslo, Norway pic.twitter.com/V1wsunxUrk
— Daniel Osen (@DanielOsen) July 13, 2026