logo
logo
logo

Нкунку пристигна во Италија на потпис со Милан (ВИДЕО)

Vecer | 29.08.2025

Нкунку пристигна во Италија на потпис со Милан (ВИДЕО)

Кристофер Нкунку наскоро ќе стане играч на Милан. Инсајдерот Фабрицио Романо известува дека играчот од средниот ред на Челзи веќе пристигнал во Италија.

„Росонерите“ ќе платат 37 милиони евра за Французинот, а уште 5 милиони ќе бидат обезбедени како бонуси. Милан исто така ќе даде дел од сумата во случај на препродажба на играчот.

Минатата сезона, Нкунку одигра 27 натпревари во Премиер лигата и постигна 3 гола. Ова лето веќе долго време се зборува за неговиот трансфер во Италија, па се чини конечно во финалните денови од преодниот рок работите ќе бидат комплетирани.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk