logo
logo
logo

Њукасл со триумф против „Шумарите“, Грилиш во 90+3.минута го урна Палас!

Vecer | 05.10.2025

Њукасл со триумф против „Шумарите“, Грилиш во 90+3.минута го урна Палас!

ФОТО: Newcastle United/FB

Интересни четири средби во Премиерлигата попладнево во рамките на 7.коло. Ако Нотингем Форест во минатата сезона беше најпријатното изненадување, во оваа важи за најнепријатното.

И денеска „„Шумарите“ беа поразени и тоа со 2:0 на гостувањето кај Њукасл.

Гимараеш и Волтемаде беа стрелци за голема радост на домашните фанови на “Ст. Џејмс Парк“ за нова победа на Њукасл.

Се играше 90+3.минута а резултатот беше 1:1 на средбата меѓу Евертон и Кристал Палас кога Грилиш погоди за 2:1, за победа на “карамелите“. Претходно гостите поведоа со голот на Муњоз во 37.минута а израмни на 1:1, Ндиаје од пенал во 76.минута.

Вулверхемптон и Брајтон одиграа без победник 1:1, а Астон Вила на свој терен славеше против Барнли со 2:1 и тоа со двата гола на Мален.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk