logo
logo
logo

Њукасл синоќа го постигна најдоцниот победнички гол во историјата на ПЛ!

Vecer | 08.01.2026

Њукасл синоќа го постигна најдоцниот победнички гол во историјата на ПЛ!

ФОТО: Newcastle United/FB

Бурно, фантастично беше синоќа на “Сент Џејмс Парк“. Њукасл го победи Лидс со најдоцниот победнички гол во историјата на Премиер лигата, постигнат од Харви Барнс во 102-та минута (90+12)! Голот го постигна Харви Барнс во 102-та минута (101 минута и 48 секунди). Бруно Гимареш ја фрли топката во шеснаесетникот, одбраната на гостите не реагираше убедливо, топката стигна до Барнс, а Англичанецот постигна гол од свртување, на околу 12 метри од голот. Топката не беше совршено шутната, но голманот Лукас Пери реагираше несмасно, успевајќи само да ја допре топката. Тоа беше најдоцниот победнички гол во историјата на Премиер лигата. Апсолутниот рекорд за најдоцен гол сè уште го држи Оли Мекберни, за Шефилд Јунајтед во ремито 2-2 против Вест Хем на 21 јануари 2024 година (102 минути и 7 секунди). Друг извонреден аспект од натпреварот на “Сент Џејмс Парк“ беше тоа што Лидс водеше во 3 различни наврати, но загуби!

Според Opta, ова е само шести пат во историјата на Премиер лигата да се случи вакво нешто.

Еве како се движеше резултатот на синоќешниот меч: 0-1: Аронсон (’32) 1-1: Барнс (’36) 1-2: Калверт-Луин (’45+5) 2-2: Џоелинтон (’54) 2-3: Аронсон (’79) 3-3: Бруно Гимареш (’90+1) 4-3: Барнс (’90+12)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk