logo
logo
logo

Њукасл го краде еден од најголемите таленти во Шпанија

Vecer | 15.04.2025

Њукасл го краде еден од најголемите таленти во Шпанија

Големиот талент на тимот на Малага, Антонио Кордеро, на изненадување на многумина ќе се пресели во Англија, поточно во тимот на Њукасл, иако Реал Мадрид и Барселона водеоа битка за негов потпис.

Нормално, Кордеро официјално ќе потпише за Премиерлигашот дури на лето кога ќе се отвори трансфер пазарот.

Договорот на Кордеро со Малага истекува на крајот на сезоната, па тој од почетокот на годината имаше право да преговара со други клубови. Во јануари, тој и неговото семејство го посетија Њукасл. Шпанецот одбил три понуди од неговиот сегашен клуб за нов договор.

Тој сезонава на 32. меча за Малага постигна шест голови и пет асистенции, а олигледно дека Секунда конкуренцијата и тоа како му годеше за негова промоција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk