logo
logo
logo

Ниту Гарет Саутгејт не може да гарантира брзи резултати во Јунајтед

Vecer | 03.10.2025

Ниту Гарет Саутгејт не може да гарантира брзи резултати во Јунајтед

Гарет Саутгејт стравува дека нема да му биде дадено доволно време да го трансформира Манчестер Јунајтед ако го преземе. Според „Сан“, поранешниот селектор на Англија е подготвен да започне разговори со клубот за кој е навивач од детството. Сепак, тој верува дека ќе бидат потребни околу четири години за тимот да стане вистински кандидат во Лигата на шампионите. Поради ова, Саутгејт ќе бара гаранции дека раководството на Јунајтед ќе се држи до долгорочниот план што ќе го изготват заедно.

Англискиот специјалист е загрижен и за нешто друго – дека ќе се очекуваат брзи резултати, додека тој е поддржувач на постепени промени во подолг временски период.

Имињата на Оливер Гласнер, Андони Ираола, Фабијан Хурцелер, Марко Силва, Оле Гунар Солскјер и Мајкл Карик се меѓу оние што ги споменуваат англиските медиуми како можни наследници на Рубен Аморим, во случај раководството на „Црвените ѓаволи“ да одлучи да се раздели со Португалецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk