logo
logo
logo

Никој како Реал: Уште еден доказ зошто е најголем клуб во светот!

Vecer | 11.06.2026

Никој како Реал: Уште еден доказ зошто е најголем клуб во светот!

ФОТО: Real Madrid C.F./FB

Пред два дена Реал Мадрид потпиша неверојатен договор со Адидас, како што го нарече Флорентино Перез, најважниот договор во историјата на фудбалот.
Според шпанските медиуми, договорот со Адидас е таков што Реал Мадрид ќе добива 120 милиони евра по сезона, но секако тоа не е сè.„Ас“ ја носи веста за тоа колку всушност вреди дресот на Реал Мадрид по сезона и тој е убедливо највреден, ако ги погледнеме приходите на клубот, во светот.
Само од три партнерства, со компаниите Адидас, Емирати и ХП, ќе добиваат вкупно 300.000.000 евра на годишно ниво. Мора да додадеме и дека ниту еден клуб во светот не е ни блиску, никој не е над 250.000.000 евра.
Соработката со компанијата „Емирати“ беше продолжена во вторник, а со „Адидас“ во среда. „Емирати“ ќе издвојува до 100.000.000 евра по сезона како генерален спонзор, а „ХП“, кој е спонзор на шалтерот, ќе плати околу 80.000.000 евра.
Севкупно, сумата е неверојатна, Манчестер Сити заработува околу 220.000.000 евра и според некои проценки е на второто место, пред Барселона и ПСЖ, кои заработуваат околу 200.000.000 евра годишно.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk