logo
logo
logo

Нгумоха стана најмладиот стрелец во историјата на Ливерпул! (ВИДЕО)

Vecer | 26.08.2025

Нгумоха стана најмладиот стрелец во историјата на Ливерпул! (ВИДЕО)

ФОТО: FC Liverpol/X

Се играше десеттата минута од судиското надополнување, резултатот беше 2:2, и тогаш Рио Нгиумоха успеа да постигне прекрасен гол за победа на Ливерпул на “Сент Џејмс Парк“ од 2:3.

Очај кај фановите на Њукасл, еуфорија кај “Редси“.

Со овој гол Нгмуха, кој има само 16 години, во петок ќе наполни 17, стана најмладиот стрелец во историјата на Ливерпул во Премиер Лигата. Интересно е што ова беше негово деби во ПЛ во дресот на “Редси“.

Нгумоха кога го постигна овој гол имаше само 16 години и 361 ден.

Досега рекордот го држеше Бен Вудборн со 17 години 45 денови.

Да кажеме и тоа дека Рио дојде во Ливерпул минатата година и тоа од Челзи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk