logo
logo
logo

Незапирливиот Роналдо донесе нова пресврт-победа за Ал Наср

Vecer | 01.11.2025

Незапирливиот Роналдо донесе нова пресврт-победа за Ал Наср

фото: AlNassr FC (X)

Фудбалерите на Ал Наср потешко од очекуваното ја совладаа екипата на Ал Фајха со 2:1 и останаа максимални во првенството на Саудиска Арабија. Фудбалерите предводени од Хорхе Жезус се намачија но на крајот успеаја да стигнат до сите три бода во 105-тата минута од натпреварот.

Резултатот го отвори Ремесеиро со гол во 13-тата минута за водство на гостинскиот тим, но Роналдо со гол во 37-та минута го изедначи резултатот. Во второто полувреме домашните фудбалери редеа шанси, но никако не успеваа да го пронајдат патот кон противничкиот гол. Сепак, длабоко во судиското надополнување Кристиано Роналдо го постигна својот 179 гол од пенал во кариерата и му ја донесе победата на својот тим. Исто така вреди да се напомене и дека ова е 952 гол во кариерата на неверојантиот португалец.

Со оваа победа Ал Наср остана максимален со 7 победи од 7 натпревари и се зацврсти на врвот на табелата.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk