logo
logo
logo

Невидена бламажа: Ц. Звезда – Радник Сурдулица 1:1! Милојевиќ добива отказ!

Vecer | 02.11.2025

Невидена бламажа: Ц. Звезда – Радник Сурдулица 1:1! Милојевиќ добива отказ!

ФОТО: FK Crvena Zvezda/FB

Уф, каква сензација на “Маракана“? Уф. Каква бламажа? Каков срамен настап на Ц. Звезда и тоа против Радник Сурдулица, против еден од најслабите тимови во елитната лига во Србија.

Ц. Звезда – Радник 1:1 е сензационалнот резултатсо што и дефинитивно е јасно дека српскиот шампион е во страшна криза. Во овој клуб вложени се тешки милиони евра, а играчите на овој клуб не можат да го победат еден Радник од Сурдулица.

Ова е невидена брука, ова е трет меч во серија на кој четата на стратегот Владан Милојевиќ не можат да победат во Суперлигата.

По ова јасно е дека Милојевиќ ќе добие отказ.

Интересно, денеска и Партизан му врачи отказ на својот тренер Благојевиќ.

Дали ќе се случи за првпат во историјата и Ц. Звезда и Партизан во еден ден да им врачат откази на своите тренери.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk