logo
logo
logo

Неверојатно: Заиграл за погрешна држава, па барал да му го поништат настапот

Vecer | 19.03.2021

Неверојатно: Заиграл за погрешна држава, па барал да му го поништат настапот

Tajрон Мирс беше дел од младинската академија на Манчестер Јунајтед, меѓутоа не успеа да се наметне во првиот тим, па играше за Престон, Вест Хем, Дерби, Болтон, Барнли, ВБА… па за француски клубови и во САД.

Мирс дури заиграл за репрезентација и тоа погрешна!

Тајрон мислел дека има право на настап за Јамајка, отпатувал на Карибите да ги одработи тренинзите, но ФС на Јамајка очигледно не ги провериле неговите податоци. Мирс мислел дека татко му имал потекло од овој карипски остров, што не било точно. Неговиот татко бил роден во Сиера Леоне и тоа на друг континент – во Африка!

ФС на Јамајка подоцна го утврдиле тоа кога Мирс веќе одиграл еден меч против Нигерија (0:0). Кога разбрал дека тоа не е неговата репрезентација, пробал преку ФИФА да го смени националниот тим меѓутоа безуспешно. Сакал да игра за Англија за што не успеал.

Мирс се пензионираше во 2019 година како играч на ВБА.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk