logo
logo
logo

Неверојатно: Само од добиените откази Мурињо наплатил 108 милиони евра!

Vecer | 29.08.2025

Неверојатно: Само од добиените откази Мурињо наплатил 108 милиони евра!

Колку што пари заработи Жозе Мурињо само од добиените откази низ европските клубови, некои тренери немаат добиено ни од исполнетите договори на клупите на клубовите кои ги воделе. Откако денеска доби отказ од Фенербахче, Мурињо стана јасно дека ќе добие отштета од дополнителни 15 милиони евра.

Ова е седми отказ за Жозе Мурињо во неговата тренерска кариера. Португалскиот весник „Рекорд“ пресмета дека вкупната компензација за тренерот од сите клубови каде предвреме беше отпуштен изнесувала – 108 милиони евра.

„Специјалниот“ пред Фенербахче беше отпуштен и од Челзи (двапати), Реал (М), Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Рома.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk