logo
logo
logo

Неверојатно: Ајакс прими гол во 90+9.минута и веројатно ја загуби титулата! (ВИДЕО)

Vecer | 14.05.2025

Неверојатно: Ајакс прими гол во 90+9.минута и веројатно ја загуби титулата! (ВИДЕО)

ФЦ Ајакс/ФБ

Каква завршница во елитната лига во Холандија. Вечерва се играа сите мечеви од претпоследното коло и се требаше да биде во знакот на Ајакс. Имено гигантот гостуваше кај Гронингем и се до 90+9.минута водеше со 1:2, и ако се знае дека во последното коло игра дома со Твенте, речиси се беше готово.

Но тогаш во последниот напад домашните постигнаа гол преку Блокзил за 2:2 и со тоа веројатно го оставија Ајакс без титула.

Сега во пресрет на последното коло ПСВ е прв со 76 бода и гостува кај Спарта, и сам си решава, а Ајакс падна на второто место со 75 бода и дома игра во последното коло со Твенте.

Ете, како се губи титула…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk