logo
logo
logo

Нестварни бројки: Реал Мадрид минатата година продал три милиони дресови

Vecer | 11.01.2026

Нестварни бројки: Реал Мадрид минатата година продал три милиони дресови

Фото: Реал Мадрид Х

Дека тимот на Реал Мадрид е веројатно најпопуларниот спортски колектив на планетава и не треба премногу да се дебатира. Дека „Кралевите“ од тој свој статус прават сериозен профит исто така е познат факт.

Но, според она што денеска го објави шпански „АС“, во однос на бројките од минатата година, Реал Мадрид навистина треба да се смета за еден од најпрофитабилните клубови вкулувајќи ги тука и оние од американските професионални спортови.

„АС“ објави дека Реал Мадрид официјално продал 3.133.000 дресови, додека пак Барселона е втора со 2.940.000. На третата позиција е ПСЖ со 2.546.000, па следува Баерн и Интерн Мајами на крајот со нешто повеќе од два милиони.

Што се однесува пак до заработката од спонзорите, Реал Мадрид, исто така е лидер. Во оваа категорија е суверен со 260 милиони евра на сметката од спонзорски договори, додека пак Манчетер Сити и Барселона со над 200 милиони евра. Манчестер Јунајтед и ПСЖ се исто така тука некаде со бројките.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk