logo
logo
logo

Немања Матиќ за јавноста во Хрватска: Единствен спас е регионална лига

Vecer | 24.08.2025

Немања Матиќ за јавноста во Хрватска: Единствен спас е регионална лига

фото: Actu Ligue 1 (X)

Искусниот српски интернационалец, Немања Матиќ кој неодамна стана дел од италијанскиот тим Сасуоло, а во кариерата играше за гиганти како Манчестер Јунајтед и Челзи, даде интересно интервју за јавноста во Хрватска во кое смета дека регионалната лига е единствениот спас за клубовите од просторите на бивша Југославија.

Матиќ смета дека тоа е единственото решение, за клубовите од типот на Хајдук, Динамо, Партизан, Црвена Звезда и останатите од овие простори го подигнат своето ниво, и не бидат елиминирани во квалификациите за големите европски натпреварувања. Хрватските клубови останаа без европска есен затоа што беа елиминирани во квалификациите, а токму на тоа алудираше Матиќ.

Според мене единствен спас за клубовите е регионалната лига. Убеден сум дека еден ден таа ќе заживее. Ние сме мали земји, не сме интересни за спонзорите, ниту за тв правата, ниту за богатата Европа. Токму затоа треба да се соединиме. Па замислете сега за на Пољуд гостува Црвенњ Звезда, или пак Динамо во Нови Сад. Па тоа би биле вистински спектакли. Сите би профитирале“ – вели Матиќ

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk