logo
logo
logo

Нема крај: Засилувањето на Ливерпул од 70 милиони евра претрпе сериозна повреда?

Vecer | 08.02.2026

Нема крај: Засилувањето на Ливерпул од 70 милиони евра претрпе сериозна повреда?

ФОТО: FC Liverpool/FB

Дури и ако не го носите дресот на Ливерпул, а сте играч на овој клуб во актуелната сезона, очигледно немате многу среќа со избегнувањето на повреди.

Конор Бредли и Џовани Леони се потешко повредени, а Џереми Фримпонг исто така се мачи да фати континуитет и во моментов е надвор од строј. Тука се и ситните повреди кои ги оддалечуваат играчите од терен по еден или два натпревари… Многу пехови ги следат „црвените“, а последниот во низата нема многу врска со сегашниот тим на Арне Слот, но и тоа како е важен за иднината.

Договореното засилување за лето, Жереми Жаке, по сè изгледа доживеал потешка повреда откако го дислоцирал рамото на натпреварот против Ланс, кој неговиот тим го загуби со 3:1. Тој го напушти теренот во 69. минута во болки, а според зборовите на тренерот на клубот од Бретања, постои сомнеж за посериозна повреда.

Ваквите пехови можат да го оддалечат играчот од теренот и до три месеци. Затоа, Жаке, кој беше планиран да игра во срцето на одбраната на Ливерпул следната сезона и во меѓувреме да се подготвува за новата средина и улога, ќе мора на рехабилитација и можеби ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk