logo
logo
logo

Некогашниот капитен на Ливерпул се врати во Премиерлигата, ќе го носи дресот на Брентфорд!

Vecer | 11.07.2025

Некогашниот капитен на Ливерпул се врати во Премиерлигата, ќе го носи дресот на Брентфорд!

Некогашниот капитен на Ливерпул и репрезентативец на Англија, Џордан Хендерсон, повторно ќе игра во Премиерлигата. Откако имаше авантура во Саудиска Арабија, а лани настапуваше за Ајакс, тој сега се договорил со Брентфорд во наредните две сезони да го носи дресот на овој клуб. Колку за потсетување, токму од овој клуб Кристијан Норгард си замина за Арсенал, па се очекува токму Хендерсон да биде неговата замена.

Иако се е договорено, од почит кон својот голем пријател, Диого Жота, овој трансфер ќе биде објавен или официјализиран во текот на наредната недела.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk