logo
logo
logo

Некогаш вредеше 100 милиони евра: Рафа Леао потврди дека си оди од Милан

Vecer | 31.05.2026

Некогаш вредеше 100 милиони евра: Рафа Леао потврди дека си оди од Милан

фото: AC Milan (X)

Португалскиот репрезентативец Рафаел Леао потврди дека има намера да го напушти Милан по претстојното Светско првенство, нагласувајќи дека сака нов предизвик и продолжување на кариерата во некоја друга лига. 26-годишниот напаѓач за португалските медиуми изјави дека верува дека дал сè од себе за време на седумгодишниот престој во италијанскиот гигант.

Лично, дадов сè за Милан. Тоа е клуб кој многу ми помогна да напредувам и ме поддржуваше во тешки моменти. Среќен сум што успеав да оставам трага во историјата на клубот. Секој има амбиции, а јас сонувам за нов предизвик во нова лига. Ако тоа се случи, ќе бидам многу среќен бидејќи ја завршив својата работа во Милан како што треба“, рече Леао.

Тој нагласи дека негов приоритет во моментов е да игра за португалската репрезентација на Светското првенство во 2026 година. „Најважно е Светското првенство и помошта на репрезентацијата на секој можен начин. Кога ќе дојде време, ќе ги разгледам најдобрите опции за продолжување на кариерата и останување на врвот на европскиот фудбал“, додаде португалскиот фудбалер.

Инаку пред извесно време Милан за него бараше и 100 милиони евра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk