Нејамр го продолжи договорот со клубот каде што порасна за уште една година, ќе остане во Сантос до крајот на 2026 година. Оваа одлука доаѓа по драматичната сезона во која Сантос успеа да избегне испаѓање и да обезбеди место во континенталното натпреварување, а со тоа се стави крај на сите гласини за можно враќање во Европа или Саудиска Арабија.
По тешката сезона, Нејмар се чини дека го пронајде вистинскиот ритам во најважниот момент во клубот каде што се чувствува како дома. Токму ова пресуди во неговата одлука да остане во Бразил и да се обиде уште еднаш да направи нов чекор кон врвот со својот сакан клуб.
„Да го имаме Нејмар до крајот на 2026 година претставува многу повеќе од договор. Продолжувањето на врската за уште една година е посветеност кон нашата историја, кон навивачите и кон спортскиот проект на Сантос. Да имате играч кој пораснал тука, со својата големина, да го води овој нов циклус само ја зајакнува важноста на клубот на националната и светската сцена“, рече Марсело Тешеира, претседател на Сантос.
Нејмар постигна 11 гола и имаше четири асистенции во 30 натпревари за Сантос.