logo
logo
logo

Нејмар со 250.000 долари помош за настраданите во Венецуела

Vecer | 30.06.2026

Нејмар со 250.000 долари помош за настраданите во Венецуела

Фото: FIFA World Cup X

Страотниот земјотрес кој што се случи во Венецуела, однесе многу жртви и направи огромна штета која што се вреднува во милијарди евра.

Катастрофата која што ја погоди инаку оваа сиромашна земја ја прави ситуацијата таму многу деликатна, и помош е потребна да пристигнува од сите страни.

Можеби изненадувачки за некого, но супер звездата на Бразил, Нејмар реши да донира 250.000 долари со кои што ќе бидат купени, храна, вода, лекарства и се останато потребно за настраданите.

Ова е секако момент кој дава една сосема поинаква слика за бразилецот, за кој што многумина сметаат дека е вообразен и едноставно недостапен за нормалниот свет.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk