logo
logo
logo

Нејмар не го сака никој… Палмеирас: Па ние не сме болница да прибираме секого

Vecer | 17.11.2024

Нејмар не го сака никој… Палмеирас: Па ние не сме болница да прибираме секого

Првиот човек на бразилскиот гигант Палмеирас, претседателката Леила Переира јавно ги демантираше гласините дека таа и клубот се заинтересирани да го доведат во своите редови, ни помалку ни повеќе туку Нејмар. Бразилската мега звезда е далеку од фудбалерот кој некогаш беше, а причина за тоа секако е неговиот мега трансфер на Блискиот исток, во тимот на Ал Хилал каде што не игра ниту епизодна улога. Повреден е 99% од времето, и нема речиси никаква улога таму освен секако маркетиншка.

Водството на клубот секако дека кај и да е ќе се обиде да се ослободи од него, затоа што чини милиони и тоа на дневна основа, па јавноста во Бразил секојдневно се бави со неговата иднина. Го поврза и со Палмеирас, а на овие шпекулации претседателката Леила Переира имаше интересен коментар.

„Не знам дали Нејмар ќе замине во Сантос неговиот матичен клуб во Бразил. Тоа прашање го поставувате на погрешна адреса. Јас можам да кажам дали тој ќе дојде во Палмеирас. А одговорот е не. Ние не сакаме играч кој ќе биде повреден цело време. Ние не сме болница. Нам ни треба играч кој ќе направи разлика на теренот“ – изјави Переира.

Predsednica fudbalskog kluba Palmeiras, Leila Pereira, demantovala je tvrdnje da klub iz Sao Paula planira da dovede Nejmara, trenutno igrača Al Hilala. Mediji su spekulisali da bi Nejmar mogao da raskine ugovor sa Al Hilalom i pređe u brazilski klub, međutim, od toga neće biti ništa.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk