logo
logo
logo

Не може потпис на кирилица?! Тогаш НЕ ми треба ВАШ ПАСОШ! Како Михајловиќ ги натера Италијанците да ги сменат правилата

Vecer | 21.12.2022

Не може потпис на кирилица?! Тогаш НЕ ми треба ВАШ ПАСОШ! Како Михајловиќ ги натера Италијанците да ги сменат правилата

Заминувањето на Синиша Михајловиќ ја потресе фудбалската јавност во Србија, а подеднакво и во Италија, каде на неговиот погреб беше видливо колку беше ценет и почитуван. Легендите за Миха ќе живеат уште долго и нема сомнеж дека тој нема да биде заборавен, ниту сето она што е оставено зад него.

Михајловиќ беше голем Србин и тоа со гордост го истакнуваше на секој чекор, а за тоа сведочи и неверојатната приказна за неговиот италијански пасош што го доби во 2011 година.

Српско Телеграф објави фотографија од италијанскиот пасош на Синиша Михајловиќ, на која може да се види исклучително интересен детал. Имено, Михајловиќ го потпишал својот пасош на кирилица, што не е дозволено според правилата за патните исправи во Италија.

Е евек што и како се случувало тогаш.

Имено, кога Михајловиќ требало да ги заврши последните детали околу пасошот, фотографирањето и потпишувањето, настанала неочекувана компликација. Миха се потпишал на кирилица и Италијанците сфатиле дека се во неволја.

- Не може потпис на кирилица - гласела пораката на службеничката, која добила уште поостар одговор од Михајловиќ: „Тогаш не ми треба италијански пасош ако не можам да се потпишам на кирилица.“

И навистина, во италијанскиот правилник немало опција потписот да биде на кирилица, но на крајот морале да ги сменат прописите поради Миха и на крајот тој успеал да си го истера своето. Пасошот добил потпис на кирилица, што е прв таков некогаш издаден од Италија.

И ова покажува колку голем беше Синиша Михајловиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk