logo
logo
logo

Наполи покажа зошто е шампион: Мектоминај и Де Брујне за победа

Vecer | 23.08.2025

Наполи покажа зошто е шампион: Мектоминај и Де Брујне за победа

фото: Football365 (X)

Фудбалерите на Наполи шампионски ја отворија новата сезона во Серија А. Браните лот на Скудетото славеше на гости кај Сасуоло со 2:0 и најави нова шампионска сезона со засилениот и освежен тим.

Екипата на Антонио Конте покажа дека е добро координирана и без повредениот Ромелу Лукаку, со фантастичниот Кевин Де Брујне може да смета на нов успех. Гостите од Неапол поведоа во 17-тата минута кога Скот Мектоминај погоди по центаршутот на Политано.

Конечниот резултат беше дело на Де Брујне со одличен слободен удар од левата страна.

Во исто време, Џенова ремизираше дома со Лече во натпревар без голови (0:0).


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk