logo
logo
logo

Наполи никако да победи: Трето реми во серија за Елмас

Vecer | 14.01.2026

Наполи никако да победи: Трето реми во серија за Елмас

фото: Lega Serie A (X)

И трет натпревар по ред, Наполи не успеа да победи. Вечерва фудбалерите на Антонио Конте ремизираа 0-0 со Парма во Неапол во натпреварот од 16-тото коло на италијанската Серија А.

Големо изненадување приреди тимот на Карлос Куеста, кој остана непоразен и му направи големи проблеми на тимот на нашиот Елмас, кој, ако Интер победи вечерва, ќе заостане дури 6 бода зад „нероаѕурите“.

Наполи успеа да погоди по 11 минути игра кога Мектоминај постигна гол, но голот беше поништен поради офсајд.

Елиф Елмас овој меч го почна од клупата, но доби шанса во 58. минута од вториот дел.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk