logo
logo
logo

Најлошиот тренер кој дошол во Англија: Тудор е пред најбрзиот отказ во кариерата!

Vecer | 06.03.2026

Најлошиот тренер кој дошол во Англија: Тудор е пред најбрзиот отказ во кариерата!

По поразот од Кристал Палас со 3-1 на домашен терен, атмосферата во составот на Тотенхем е на работ на експлозија. Хрватскиот стратег Игор Тудор кој беше донесен да го спасува тимот, очигледно е на чекор до најбрзиот отказ во Премиер лигата и во неговата кариера.

Тимот од северен Лондон сега е само еден бод над линијата, а Тудор го забележа својот трет пораз откако ја презеде функцијата од Томас Франк.

„За жал, ова е моментот кога плаќаме за сè. Еден црвен картон менува сè. Можеби звучи чудно, но по овој натпревар верувам повеќе отколку порано. Видов нешто“, рече Тудор.

„Морам да ги одберам вистинските играчи бидејќи бродот оди во насоката во која сакам да одам – ​​и во која мора да оди. Кој е на бродот може да остане. Кој не е може да си замине. Кога ќе ги вратиме играчите, сигурен сум дека ќе имаме добар тим и победите ќе дојдат. Не е лесно да се прифати каде сме сега, но така е.“

Тудор одби да зборува за својата иднина, иако навивачите веќе го нарекоа најлошиот тренер кој некогаш дошол во Англија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk