logo
logo
logo

На денешен ден пред 49 години беше изведен најпознатиот пенал што ја измени историјата!(ВИДЕО)

Vecer | 20.06.2025

На денешен ден пред 49 години беше изведен најпознатиот пенал што ја измени историјата!(ВИДЕО)

По тој 20 јуни 1976 година, по тој меч одигран на белградска „Маракана“, веќе ништо не е исто во фудбалот. На денешен ден, пред точно 49 години, се играше финалето на Европското првенство против Чехословачка и Западна Германија. Домаќини на ова континентално натпреварување беа Белград и Загреб, а четирите репрезентации што се квалификуваа за завршниот турнир беа, покрај финалистите, Југославија и Холандија. Бернд Холзенбајн постигна гол во 89-тата минута за ново воздигнување од пепелта на германските фудбалери и ново продолжение. И таму немаше голови, па натпреварот отиде во пенал – серија. Во четвртата серија, Ладислав Јуркемик ја погоди мрежата, а Ули Хенес шутираше високо над пречката.

И тогаш на сцена стапи Антонин Паненка, играч на тогаш не толку познатиот тим Бохемијанс, а со тоа – не толку познат фудбалер. Интересно беше да се види тој човек вишок килограми и мустаќи.

Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот, Сеп Маер, не ни сонуваше што ќе се случи.

Паненка имаше пред себе влез во историјата, но сепак реши да се послужи со лукавство и… го промени фудбалот еднаш засекогаш.

Сите се прашуваа: „Што прави овој лудак?“ кога Мајер се фрли настрана, а Паненка ја “брцна“ топката. Тој кадар беше како времето да застанало во Белград – голманот беше немоќен, а топката влезе во мрежата, побавно отколку на тренинг. Чехословачка влезе во историјата како европски шампион, а Антонин Паненка – легенда.

ФОТО: Антонин Паненка/Х

Ова е тој момент…погледнете:

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk