logo
logo
logo

Мурињо: Сега сум подобар тренер отколку порано, не сум гениј, можеби сум провокатор!

Vecer | 29.09.2025

Мурињо: Сега сум подобар тренер отколку порано, не сум гениј, можеби сум провокатор!

Фото: Бенфика Х

Конечно по неколку сезони пауза, Жозе Мурињо повторно е во Лигата на Шампионите. Сензација беше кога по отказот кој го доби во Фенербахче веднаш ја прифати понудата на Бенфика, па така оваа сезона со гигантот од Лисабон еден од најпознатите тренери во историјата повторно е на големата сцена.

Во интервју за УЕФА, „Специјалниот покрај другото истакна:

Мислам дека сега сум подобар тренер отколку порано.Мислам дека секој тренер е подобар кога ќе го има и тоа потребно искуство. Никогаш себе си не сум се сметал за гениј, за провокатор – можеби. За мене секогаш играчите и клубот биле на прво место, па потоа сум доѓал јас како тренер. Сакам да кажам дека се може да ми земат, ама не можат мојата историја која самиот си ја создавав“ посочи Португалецот кој утре во Лондон ќе гостува во рамките на 2.коло во Лигата на Шампионите кај “неговиот“ Челзи.

Да потсетиме дека Жозе на клупата на Челзи беше во два мандата и успеа во три наврати да биде првак во Премиерлигата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk