logo
logo
logo

Мурињо има посебна клаузула во договорот која може да го врати во Реал

Vecer | 16.02.2026

Мурињо има посебна клаузула во договорот која може да го врати во Реал

Фото: Бенфика Х

Жозе Мурињо може да ја напушти Бенфика без никаква финансиска компензација само десет дена по последниот натпревар од тековната сезона.

„Ас“ открива постоење на таква клаузула во договорот на Португалецот и сугерира дека тоа би можело да го олесни неговото евентуално враќање на „Сантијаго Бернабеу“.

Оваа опција сè уште не е предмет на актина дискусија, но Специјалниот продолжува да ја има довербата на Флорентино Перез и на голем дел од навивачите на тимот. Управувањето со соблекувалната на Реал Мадрид се покажа како доста тешка задача и Чаби Алонсо страдаше од ова, а се чини дека и Алваро Арбелоа не е достоен за предизвикот. Сепак, со својот силен карактер и искуство, Жозе Мурињо може да внесе ред во таква ситуација и ова може повторно да го натера раководството на Реал да се сврти кон него.

Инаку, Специјалниот има договор со Бенфика за две сезони и неговата работа во моментов дава резултати, а се чувствува и добро во својата татковина. Имаше шпекулации дека Мурињо сакал да ја преземе португалската репрезентација по Светското првенство, но според „Ас“ оваа можност во моментов изгледа многу далечна.

Португалецот се чувствува добро во Бенфика, но повик од Мадрид би можел да ја промени целокупната ситуација.

Утре, Бенфика ќе го пречека Реал Мадрид во првиот плејоф за 1/8 финалето од Лигата на шампионите. Сè уште е нејасно дали Флорентино ќе патува во Лисабон. На крајот на јануари, кога Бенфика ги победи „белите“ со 4:2, претседателот на Реал Мадрид го пропушти натпреварот. Дури и ако истото се случи утре, двајцата добри познаници сигурно ќе имаат можност да се видат и да разговараат за време на реваншот на „Бернабеу“ за една недела.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk