Иако сеуште е далеку од тоа дека и официјално се враќа во Мадрид, сепак според медиумите во Шпанија, Жозе Мурињо има план како да ја среди ситуацијата во Реал Мадрид. Имено неговиот прв чекор бил „шут – карта“ за Винисиус. Се шпекулира дека „Специјалниот“ не можел да го смисли Бразилецот и дека тоа било еден од условите тој повторнио да го преземе најголемиот клуб во светот.
И јасно е, кога веќе искочија вакви информации, веднаш почнаа да се шират шпекулации дека Винисиус би се преселил во Манчестер Сити, клуб кој нема проблем со парите и нема проблем да ја плати отштетата за Бразилецот.
Мурињо нема премногу да менува во тимот, желбата е да се донесе Родри од Сити, па којзнае можеби ова лето ќе има размена на релација Сити – Реал.
Инаку планот за Мбапе бил тој да биде истурен сам во шпицот.