logo
logo
logo

Мурињо: Дури и да не пласиравме во плеј-офот ќе бев горд! Истрпивме многу неправди!

Vecer | 31.01.2025

Мурињо: Дури и да не пласиравме во плеј-офот ќе бев горд! Истрпивме многу неправди!

Фото: ФЦ Фенербахче/Твитер

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо изјави дека е задоволен од играта на неговиот тим на натпреварот против Митјиланд, кој заврши 2:2. Турскиот тим е на 24. место во конечниот поредок од главната фаза во Лига Европа и ќе игра во плеј-офот за пласман во осминафиналето.

„Одиме напред и тоа е најважно. Дури и да не се квалификувавме, ќе бев горд на играчите. Треба да се гордеат и навивачите бидејќи во Данска пристигнавме со многу проблеми, но се снајдовме. Од самиот почеток се беше против нас. Тежок е новиот формат на турнирот. Извлечевме лошо реми, а потоа не можевме да ги регистрираме нашите нови засилувања. Не измачуваа повреди и казни. И покрај се покажавме карактер. Против Митјиланд момците завршија одлична работа“, изјави Португалецот.

Фенербахче собра 10 бода и ги надмина Брага и Елфсборг по гол разлика.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk