logo
logo
logo

Муриќи ја води Мајорка кон опстанок

Vecer | 12.04.2026

Муриќи ја води Мајорка кон опстанок

ФОТО:.facebook.com/RCDMallorcaOficial

Фудбалерите на Мајорка како домаќини го победиј Рајо Ваљекано со резултат од 3:0 во 31-то коло од Ла Лига.
Откако тимот на Мартин Демикелис го победи Реал Мадрид во последното коло, денес падна и Рајо Ваљекано, а повторно херој беше Ведат Муриќи кој постигна два гола, а токму тој го победи Реал Мадрид минатиот викенд.
Муриќи постигна два експресни гола, во 36-та и 40-та минута, па прашањето за победникот беше решено по првото полувреме.
Во 65-та минута, поранешните играчи на Барселона заедно, Пабло Торе му асистираше на Јан Вирџили за конечни 3:0.
Мајорка сега е 15-та со 34 бода, исто колку и Севиља, Алавес е следен со 33, додека Елче е прв под линијата со 32, па борбата за опстанок продолжува до самиот крај.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk