Реал Мадрид загуби од Мајорка со 2-1 во 30-то коло од шпанската Ла Лига. Овој пораз беше трет за „Лос Бланкос“ во последните шест натпревари во шпанското првенство.
По 30 натпревари во Ла Лига, Реал Мадрид има 69 бода и е втор на табелата. Мајорка ја избегна зоната за испаѓање и е на 15-то место со 31 бод.
Домашните поведоа со голот на Морланес во 41 минута, Милитао израмни во 88. минута, но Муричи во првата минута од судиското продолжение погоди за голема радост на домашните.
Во следното коло, тимот на Алваро Арбелоа ќе се соочи со Жирона на домашен натпревар на 10 април, додека Мајорка ќе игра против Рајо Ваљекано на 12 април.