logo
logo
logo

Мундијалски квалификации: Фаворитите ја одработија задачата

Vecer | 05.09.2025

Мундијалски квалификации: Фаворитите ја одработија задачата

Денешната програма од Мундијалските квалификации кои што во моментов се во тек не донесоа посебни изненадувања. Поточно, фаворитите на хартија, ја орпавдаа улогата, и епитетот кои што го носат го преточија во бодови на терен.

Па така да речеме, Италија обезбеди победа од 5:0 против Естонија, Грција и даде пет гола на Белорусија, а прими еден, а Исланд со пет гола во мрежата на Азербејџан покажа дека е во форма.

Израел на гостински терен кај Молдавија забележа победа од 0:4, а Хрватска малку потешко од очекувањата со 0:1 славеше на далечните Фарски Острови.

Словенија и Шведска одиграа 2:2, додека пак Швајцарија немаше проблеми против Косово и триумфираше со 4:0. Конечно, Украина и Франција одиграа на неутрален терен, а „Галските петли“ обезбедија победа од 0:2, додека пак Данска и Шкотска одигра без голови.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk