logo
logo
logo

Мултиетничката Швајцарија „гази“ и со Јашари од Македонија во составот

Vecer | 08.07.2026

Мултиетничката Швајцарија „гази“ и со Јашари од Македонија во составот

Репрезентацијата на Швајцарија повторно е во самата завршница на еден голем турнир. Синоќа во рамките од осминафиналето совладана е Колумбија по подоброто изведување на пеналите, а сега швајцарците се закажаа дуело со Аргентина.

Како што е тоа вообичаено, Швајцарија во својот состав има огромен број на играчи кои што имаат потекло од други земји. Добро се сеќаваме кога во нејзиниот состав имало по пет шест албанци, дел со потекло од матичната земја, или пак Косово или Македонија.

Овојпат во фокусот е Ардон Јашари во моментов играчот на Милан, кој што има потекло од Македонија поточно од Куманово. Неговото семејство токму од тука се има преселено во Швајцарија каде што во 2002 година во градот Чам е роден Јашари.

Првите фудбалски чекори ги направи во Луцерн, за да по трансферот во Клуб Бриж во Белгија се пресели во големиот Милан.

Јашари заигра релативно доцна за швајцарските селекции и има настап за У21 и за А репрезентацијата. За разлика од некои негови сонародници од оваа богата земја, Јашари никогаш не се двоумел дали да го промени спортскиот пасош и да дојде да игра за Македонија или пак евентуално Албанија, чиј што пасош според информациите на интернет не ни поседува.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk