logo
logo
logo

Можеби затоа не го вади од игра: Мартинез преговара со Ал Наср на Роналдо!

Vecer | 18.06.2026

Можеби затоа не го вади од игра: Мартинез преговара со Ал Наср на Роналдо!

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL/

Сега веќе се знае дека по завршувањето на СП, Роберто Мартинез нема да биде селектор на Португалија. Ама ново е тоа што преговара со Ал Наср, тимот од Саудиска Арабија на Кристијано Роналдо, ова го објавува угледниот RMC Sport.

Договорот на Шпанецот со Фудбалската асоцијација на европскиот шампион од 2016 година истекува по завршувањето на Светското првенство, а како што стојат работите, 52-годишниот стручњак веќе го планира следниот чекор во својата кариера, пат кој се почесто се избира во последните години, особено од Португалија.

Така, шпанскиот стратег би го заменил Жорж Жезус на клупата на саудискиот клуб, што би значело само едно: продолжување на нераскинливата врска со Кристијано Роналдо, со кого Мартинез негува специфичен и исклучително близок однос уште од неговото доаѓање на клупата на португалската репрезентација во 2023 година.

Сепак, мисијата да се збогува со репрезентацијата со трофеј започна прилично неславно. Во првиот натпревар од Групата К, Португалците неочекувано одиграа само 1:1 против Демократска Република Конго, покажувајќи многу слабости што веднаш го вклучија алармот кај тамошната јавност. Тимот на Мартинез, и покрај одличниот квалитет, изгледаше целосно безидеен на теренот, па поранешниот тренер на Виган, Свонси и Евертон се соочува со бројни критики од синоќа. Една од нив се однесува на Роналдо, односно на одлуката на Мартинез да го остави на теренот до последниот свиреж на судијата и покрај речиси никаков придонес. Можеби причината лежи во вестите објавени од француските медиуми? Следните натпревари на Светското првенство ќе го понудат одговорот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk