Ла Фиорита, клуб од Сан Марино кој минатата година му беше ривал на Вардар во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, испиша историја ова лето во европските купови, секако во негативна конотација.
Европската клупска сезона 2026/27 штотуку започна, а веќе е испишана историја каква што никогаш порано не е запишана. За прв пат откако се играат европски клупски натпреварувања, еден клуб го заврши својот настап во Европа веќе во првата половина на јули, поточно на 14 јули. Раното збогување се случи по средбата од првото прелиминарно коло на Конференциската лига на УЕФА, каде поразениот тим немаше можност за тест за надомест или да продолжи со натпреварувањето преку друго европско натпреварување.
Станува збор за Ла Фиорита од Сан Марино, која беше елиминирана од луксембуршкиот претставник Уно Штрасен во двомечот од првото прелиминарно коло со вкупен резултат од 3:0.
По поразот во овој двомеч, европската сезона за клубот од Сан Марино заврши веќе на 14 јули, што претставува најрано целосно збогување на клуб од европски натпреварувања во историјата.
🇸🇲 Commiserations to La Fiorita of San Marino who are the first club eliminated from Europe entirely in the 2026/27 season!
The club lost 3-0 on aggregate to Una Strassen of Luxembourg in the Conference League first qualifying round! pic.twitter.com/IbiEx5mQOf
— The European Football Express (@TheEuroFE) July 15, 2026
Во претходните години, европскиот календар не дозволуваше толку рано елиминирање, пред сè поради различен систем на квалификации и помал број клубови кои го започнаа своето патување веќе на почетокот на јули. Токму затоа сезоната 2026/27 донесе еден вид преседан, а Ла Фиорита ќе остане регистриран како прв клуб што го заврши својот целосен европски настап пред средината на јули. Од друга страна, Уна Штрасен ја оправда улогата на фаворит во овој двомеч без поголеми проблеми и заслужено избори пласман во втората прелиминарна рунда од лигата на УЕФА Конференцијата.