logo
logo
logo

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

Vecer | 27.03.2026

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по кој со свои коментари се јавија некогашни легенди на тамошниопт фудбал, а еден од нив беше и Артем Милевски, кој беше најжесток во критиките:

Ова не е она што го очекуваше целата нација. Секој си ја влечеше својата тежина, но не беше дел од тимот. Очекувањата беа превисоки, сите го бодреа тимот, но на крајот тоа не ни донесе ништо“, посочи Милевски кој посочи дека ова било срамотен настап на Украина.

Изгледаше како тимот и тренерот да се сретнаа за прв пат пред натпреварот. Изгледавме лошо. Не видов никаков карактер или оган во очите на играчите. Вакви натпревари во квалификациите не се играат лежерно“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk