logo
logo
logo

Милан водеше во Бергамо, на крајот освои само бод!

Vecer | 28.10.2025

Милан водеше во Бергамо, на крајот освои само бод!

ФОТО:AC Milan/X

Аталанта – Милан 1:1 е исходот од вечерашниот меч од 9.коло во Серија А. Интересни, гостите од Милано уште во 4.минута дојде во водство од 0:1 со голот на Ричи. Сепак тој гол не ги шокира домашните, кои веќе во 35.минута израмнија со голот на Лукман.

Ретко кој можеше да претпостави во тој момент дека тие 1:1 на крајот ќе бидат и конечен резултат.

Во продолжение од средбата домашниот состав на Аталанта како повеќе да ги сакаше другите два бода. Ја имаа во поголем дел иницијативата, имаа и шанси, но сепак на крајот и двете екипи мораа да се задоволат само со по бод.

Да кажеме дека ова беше шести меч во низа на кој Милан не успева да ја победи Аталанта.

По овој меч, инаку втор во рамките на 9.коло, Милан е трета на табелата и има 18 бода, -3 во однос на лидерот Наполи, но и меч повеќе од Интер кој има 15 бода.

Аталанта пак го задржа седмото место пред Јувентус кој има меч помалку и бод помалку од тимот од Бергамо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk