logo
logo
logo

Милан со пресврт до убедлива победа кај Комо!

Vecer | 15.01.2026

Милан со пресврт до убедлива победа кај Комо!

ФОТО: Como 1907/FB

Комо – Милан 1:3 во заостанатиот меч од 16.коло во Серија А. Ова е прв пораз на Комо на свој терен сезонава во елитната лига на Италија. Интересно, домашните поведоа со голот на Кемпф уште во 10.минута, но сепак Милан со гол од пенал на Нкунку во 45.минута го најави пресврт.

А во второто полувреме Милан покажа кој е кој. Прво Рабио со прекрасен гол во 55.минута донесе водство од 1:2, а во 88.минута со уште еден погодок во домашната мрежа стави точка на овој меч за конечни 1:3.

Со овие три бода сега Милан има 43 бода и е втор со само -3 бода во однос на лидерот Интер, но пред Наполи кој има 40 бодови. Во секој случај супер интересно ќе биде во битката за титулата сезонава во Серија А.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk